Природен ботокс: Домашна маска од банана против брчки

Нема потреба да трошите многу пари на препарати против брчки. Се што ви е потребно е оваа домашна маска за затегнување на кожата, која се прави со состојки кои веројатно веќе ги имате низ дома.

Состојки:

– половина банана
– 3 лажици јогурт
– 1 лажица мед

Подготовка:

Истолчете ја бананата и помешајте ја со медот и јогуртот. Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 до 20 минути, пред потполно да се исуши. Измијте го лицето со топла, па со ладна вода.

Имајте на ум дека резултатите нема да можат да бидат видливи за ден или два, и дека нејзиниот ефект е поспор од козметичките производи. Првите резултати ќе ги забележите после три седмици редовна употреба. Ќе бидете изненадени.

- Реклама -