Тесла ќе го лансира кросоверот за три месеци

Новиот електричен SUV на Tesla веќе може да се нарача на сајтот на компанијата ако депонирате 5.000 евра. Автомобилот ќе биде достапен за корисниците за три месеци, според изјавата на шефот на компанијата Елон Маск.

Моделот Tesla X беше претставен како концепт уште во 2012 и уште тогаш имаше луѓе кои сакаа веднаш да си го нарачаат. Токму тие ќе бидат и првите сопственици на автомобилот оваа година. Tesla X е првиот во светот електричен кросовер, кој има по еден електричен мотор за секоја оска, а другата „култна“ карактеристика на автомобилот што задните врати се отвораат по принципот „галебови крилја“, додека предните се отвораат стандардно. Конечната цена уште не е официјализирана, но се претпоставува дека ќе биде околу 90.000 долари за клиентите во САД.

Елон Маск, меѓувреме објави уште дека активно се работи и на третиот модел во гамата на брендот – „буџетскиот“ седан Tesla, чија цена ќе биде околу 35.000 долари. Овој модел би требало да излезе на пазарот во 2017 година.

- Реклама -