Науката објаснува: Што ќе се случи со нас, ако престанеме да излегуваме надвор?

Да бидеме искрени – многу од нас седат во затворени простории по цел ден, без разлика дали се работи за канцеларија или домот, од утро до вечер.

Кажано поинаку – излегуваме надвор премногу ретко. Што ќе се случи сепак, ако сосема престанеме да излегуваме на отворено, прашува ASAP Science?

На околу 149 600 000 километри од нас сончевата светлина го започнува својот пат од Сонцето, минува низ Сончевиот систем и атмосферата на земјата, и ако се оди според планот – паѓа директно на кожата. Чувството е кул, нели? Токму оваа сончева светлина предизвикува верижна реакција која не држи во живот, произведувајќи го „сончевиот витамин“ или витамин D.

Интересен факт – дел од холестеролот кој го земате, се обработува и чува во кожата. Кога сончевата светлина ќе достигне до вашата кожа, таа го модифицира овој холестерол. Новата молекула се упатува кон црниот дроб во крвните садови, каде повторно се подложува на промени. Конечно завршува во бубрегот, каде се активира биолошки. Овој “активиран витамин D” апсорбира калциум од храната и соодветно – помага за растот и заздравувањето на коските.

sunchaser-pi

Во извесна смисла – кожата ја јаде сончевата светлина, а таа ги развива вашите коски. Можеби на крајот не сме којзнае колку поразлични од растенијата … Без витамин D минерализацијата на коските во вашето тело ќе се намали. Ова ќе доведе до ризик од остеопороза и ќе го ослабне вашиот имунолошки систем. Нешто повеќе – според некои истражувања витаминот D помага во спречувањето на рак, кардиоваскуларни болести и депресија. Тоа објаснува зошто луѓето кои живеат во земји со ладна клима, се потиснати почесто од овие заболувања. Сончевата светлина и витаминот D не се единствените фактори кои влијаат благотворно на вашето тело. Истражувањата покажуваат дека природата има благотворно влијание врз вашата психичка и физичка состојба .

Нешто повеќе – кога сте надвор во шумата, да речеме, во мозокот се активираат делови поврзани со стабилност, емпатија и љубов. Од друга страна – додека се наоѓате во средина, изградена од човекот, се активираат делови кои се поврзани со страв и стрес. Згора на тоа ако сте во затворена просторија, најверојатно седите. Многу истражувања покажуваат дека прекумерното седење го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.

Друго истражување, спроведено меѓу повеќе од 200 илјади луѓе, ја открило врска меѓу седењето и веројатноста од смрт. Со други зборови – колку повеќе седите, толку поверојатно е да умрете порано. Најстрашното во случајот е тоа што оваа зависност не е под влијание на физичката активност. Затоа станете, излезете надвор и живејте вистински!

girl_free-sun

- Реклама -