Мајсторска тајна: Испечете совршена риба на скара со помош на малку мајонез

Food_Seafood_Grilled_Fish_012011_[1]

Рибата на скара е секогаш кандидат за вкусен ручек, ама добрите мајстори знаат дека е потребно и доста труд и вештина за совршено да ја испечете. За тоа постои еден едноставен и одличен трик, а се што ви треба е малку мајонез.

Ако рибата ви се залепи за скарата, веројатно ќе се распадне, а распаднатата риба е уништен ручек, колку и да е вкусен. Според Кели Дан од The Kitchn, особено важен чекор при печењето на рибата (било да се работи за цела риба или филети) е да се погрижите дека е прекриена со тенок слој од маснотија. „Се разбира, маслото за готвење е најчестиот избор, ама постои и друга намирница што јас лично преферирам да ја користам – мајонез“, вели Дан. Се што треба да направите е да ја намачкате рибата од двете страни со рамномерно тенок слој од мајонез, потоа зачинете ја и ставете ја на скарата.

Зошто мајонез? Мајонезот подобро се „залепува“ за рибата отколку другите маснотии, а притоа ја прави мека и сочна. Дури и ако не сакате мајонез, нема потреба да го избегнувате. Неговиот вкус и текстура воопшто не се забележуваат откако ќе завршите со печењето, што го прави најдобриот мастрав за мајсторски испечена риба.

- Реклама -