Рецепт за совршена бикини линија

За да имате идеална фигура на лето, совршено решение за вас е овој напиток, кој ќе ви помогне да ги стопите масните наслаги и да го израмните стомакот.

Првите сончеви зраци во овие пролетни денови, им зададоа огромни проблеми на дамите кои сакаат да ја доведат својата линија до совршенство.

За да ви успее планот, неопходно е во текот на четири дена да консумирате од напитокот и да избегнувате слатки, грицки, масна и калорична храна, а да се насочите кон здравите намирници. За да го направите овој моќен согорувач на масти, ќе ви бидат потребни 2 л. вода, 1 краставица, еден лимон, лажичка ѓумбир во прав и 12 листови нане.

Подготовка: Измијте го добро лимонот, немојте да го лупите, исечете го на кругчиња и додадете 2 л. вода. Излупете ја краставицата, исечете ја на кругчиња и додадете вода, а потоа ставете и ливчиња ѓумбир и нане. Промешајте со лажица, поклопете и оставете да отстои во ладилник цела вечер. Потоа почнете со консумирање на моќната течност, испијте се, а навечер направете нов за следното утро. За да видите резултати, неопходно е да пиете од овој напиток 4 дена и да не пиете други течности.

По четири дена, толку ќе ви се заслади што ќе го обожавате.

- Реклама -