Исчистете ја изгорената мрснотија од садовите без користење на хемикалии

Тавите и тенџерињата се уникатни садови за готвење.

Ги користиме многу често, и понекогаш не само едно, туку неколку. Не е ни чудо што многу брзо во нив се создава талог од маснотии и изгорена храна на нивното дно и страните.

Методите на користење на хемикалии за отстранување на овие проблеми често пати не се толку ефикасни, а понекогаш и воопшто. Со сите хемикалии треба да се работи во гумени ракавици, а миризбата на сите тие хемиски апарати во домаќинството е неподнослива и може да предизвика алергија. Сепак, постојат многу едноставни начини на отстранување на игорена мрснотија брзо, без хемија.

1. Лесниот начин да се исчистат тавите од масти

Исчистете еден компир од средна големина. Исечете го на половина и натопете една половина во сода бикарбона.

Следно, тријте ја таа половина, како сунѓер, на дното на тавата или тенџерето. Треба да триете малку посилно, и резултатот ќе биде видлив веднаш.

How to Clean Your Pots and Pans of Burnt Grease

Неопходно е периодично да ги менувате парчињата на компир, или, повремено да го отсечете извалканиот дел. Исто така, натопувајте го во сода бикарбона почесто, бидејќи маснотијата всушност, е чистена од комбинацијата на сокот од компирот и сода бикарбоната.

2. Користете кесичка чај за да ги исчистите мрсните страни на садот

Земете сува, неискористена кесичка чај, и само поминете преку внатрешниот ѕид на садот, кој има остатоци од мрснотија. Веднаш ќе забележите дека маснотијата се разложува, како да е апсорбирана од кесичката чај. Две до три кесички чај и кажете „збогум на маснотијата“. За таа намена, купете го најевтиниот чај.

3. Отстранете ја мрснотијата од надворешната страна на садот готвејќи го садот во сода бикарбона

Земете поголемо тавче од она кое треба да го чистите и ставете 4-5 лажици сода бикарбона и додајте вода. Помалото тавче ставете го внатре и гответе околу 30-50 минути. Потоа само избришете ги маснотиите. За овој метод не ви е потребен никаков физички напор, но потребно е време за негово извршување. Ако имате време, тоа е најефикасниот начин на елиминирање на старите закоравени масти од сите видови садови за готвење. На овој начин, можете да ги отстаните маснотиите од вилушките, лажиците, капаците и други предмети.

 

Ние ги користиме садовите во подготовка на храна за нас и за нашите деца. Помалку хамикалии се подобри за сите нас. Бидете здрави и еколошки.

- Реклама -