Тоалетот е зафатен? Искористи го тој во лифотот

„После четири силни земјотреси во Јапонија, земјата решава да воведе тоалети во лифотовите и да обезбеди резерви на вода за итни случаи“, вели јапонски научник од здружението за продизводство на лифтови во земјата.

Тој додава дека бил одржан состанок, на кој научниците од министерство за градежништво и здружението за индустрија на лифтови се согласиле да го разгледаат воведувањето на тоалетите за користење во итни случаи.

До таа одлука дошло откако десетина жители останале жедни и заглавени во лифтови, а некои дури и подолго од еден час, после земјотресот со силина од 7.8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Јапонија во саботата.

Иако голем дел од лифтовите автоматски биле сопрени на првиот следен кат и нивната врата се отворила, 14 лица останале заробени помеѓу катовите.

За инсталирање на тоалетот можеби ќе се користи картонска структира на расклопување со водоотпорни торби или материјал кој апсорбира течност.

Од 620.000 јавни лифтови или лифтови во комерцијални згради во Јапонија, дури 20 проценти се во Токио, а Јапонија лежи на четири тектонски плочи, па затоа чето ја погодуваат силни земјотреси.

Сеизмолозите најавуваат дека престолнината сигурно ќе ја погоди силен земјотрес, во следните неколку децении, а според проценките на Владата тоа може да доведе до заробување на околу 17.000 граѓани во лифтовите.

Епицентарот на земјотресот, кој ја погоди Јапонија во саботата, бил на околу 900 километри јужно од Токио, во Тихиот океан, но истиот се почувствувал ширум земјата.

- Реклама -