Колкави се годишните расходи на милионерите?

Супербогатите луѓе поседуваат по неколку куќи, автомобили, но исто така и авион, јахта…

Овие луксузни играчки дефинитивно бараат и персонал кој ќе ги оддржува во живот. Според CNN Money, трошоците за платите кои богаташите ги плаќаат за услугите на персоналот, надминуваат 1.15 милиони долари годишно.

Највисоки трошоци има околу авионите – само 300 илјади долари годишно добиваат пилотите, а 150 илјади долари – стјуардесите. Повеќе од 360 илјади долари изнесуваат трошоците за платите на чуварите, готвачот, персоналниот асистент и луѓето кои се занимаваат со чистење и одржување.

Најдобрите дадилки исто така не се евтини – тие добиваат по околу 80 000 долари годишно. Воспитувачите земаат околу 15 000 долари, а младите, кои ги шетаат кучињата на најбогатиот 1% од луѓето – 6000 долари.

Иако трошоците околу вилите и јахтите се сезонски, тие исто така не се мали – 99 и 44 илјади долари. Возачот на најголемите милионери добива 90 000 долари годишно.

Luxury Superyachts At The Monaco Yacht Show

- Реклама -