Овој чадор ве предупредува за лошото време

Веќе никогаш нема да бидете неподготвени од дождот благодарение на овој паметен чадор кој е личен асистент во борбата со непредвидливото време, пишува Design Taxi.

Чадорот е изработен од нерѓосувачки челик.

2 (1)

Тој овозможува да го синхронизирате со вашиот smartphone преку Bluetooth. На овој начин, секое утро ќе добивате најнови информации за временската прогноза и ќе бидете подготвени за претстојната бура.

3 (1)

Другата импресивна карактеристика на овој интелигентен чадор е тоа што сигнализира кога се оддалечувате од него. Оваа функција ви гарантира дека никогаш нема да го заборавите некаде, како што често се случува.

- Реклама -