Кои се најдолгите возила во светот?

Правејќи анализа на досега произведените возила откриено е дека најдолги изведби се Chevrolet Suburban во категорија на теренци, Phantom Extended Wheelbase кај лимузините и Ford F-Series Super Duty Crew Cab LWB.

Уште од моментот на создавањето на првите автомобили производителите почнаа да ја мерат нивната должина. Со текот на годините се појавувале секакви возила со големи димензии, додека конечно дефинитивно се дошло до сегментација и наоѓање на оптимални пропорции за секој еден од автомобилските класи. До неодамна лидер кај лимузините беше Maybach 62, но моделот беше повлечен од производство.

Денес, во втората деценија на ХХI век, исто така, има многу големи автомобили. Анализите на одредени британски агенции велат дека ги имаат трите сериско произведени гиганти, а секој од нив е лидер по должина во одредена класа. Во класата на теренци има неколку варијанти, но најдолгиот е од марката Chevrolet. Станува збор за Chevrolet Suburban со должина од  5.700 mm. По повлекувањето на Maybach, Rolls-Royce го презеде лидерството кај т.н. луксузни седани. Најдолгиот автомобил во моментов е токму од овој бренд. Моделот со ознака е Phantom Extended Wheelbase, а должината е 6.090 mm, доста повеќе i од онаа на Suburban. Најдолгиот пикап е дело на Ford и е дел од најпродаваниот модел во САД. Станува збор за добро познатата зад океанот F-Series, а точната модификација на гигантот е Super Duty Crew Cab LWB, со импресивни 6.680 mm.

- Реклама -