Бјути педикир: Убави и негувани стапала за 40 минути

Одлични совети кои ќе ви помогнат за негата на стапалата во домот.

Отстранете ги кутикулите

Тоа лесно ќе го направете со помош на масло кое ќе ги омекне. Во кожата околу ноктите измасирајте го маслото, оставете минута да делува, а потоа со лесни движења потегнете ги кутикулите кон доле. Користете посебно стапче за таа намена. Тие се правени од дрво, за да не се исечете.

Подгответе СПА уживање

Во топла вода растворете купка со масло и додадете неколку капки етерично масло од лаванда. По 10 до 15 минути исушете ги стапалата со мек пешкир.

image02(18)

Отстранете ја сувата кожа

Како реагирате кога гледате здебелена кожа на стапалата? Релаксирачката купка со масло ја омекнува грубата кожа, па така лесно ќе ја отстраните. Ако го правите тоа редовно, ќе ви биде доволна обична турпија за стапала.

Обликувајте ги ноктите

Истурпијте ги со квалитетна турпија ( по можност стаклена, бидејќи после можете лесно да ја дизинфицирате). Држете се до истиот правез и изедначете ги потезите.

velika_kupime_pedikir_115436.jpg

Лакирајте

Редослед за совршена боја: база ( проѕирен лак или посебен производ за изедначување на површината на ноктите) + лак во две нивоа + завршно ниво ( најдобро е тоа да биде производ за брзо сушење). Ако немате сепратори за прсти, лесно можете да инпровизирате правејќи ролнички од хартиени марамчиња.

Исправете ги грешките

Доколку при лакирањето некаде сте згрешиле, отстранете ги трагите со лесно моливче со прецизен и тенок врв, кој ефикасно ќе ја заврши работата.

pedikir3

Нахранете ги стапалата

За вашата кожа да биде хидрирана и мека на допир, после се нанесете крема за стапала богата со текстура.

Екстра совет: Многу е важно опремата со која што правите педикир ( ножички, турпија, грицкалка, лак) да ја раздвоите од онаа со маникир. На стапалата чести можат да се најдат и некои непријатни заболувања на кожата, кои сигурно нема да сакате да ги пренесете на рацете.

- Реклама -