Од стара фабрика до луксузен стан

Ве покануваме на прошетка низ еден убав стан во Берлин, вешто трансформиран од стара фабрика за во живеалиште со елегантен и луксузен ентериер.

Белите, беж и кафеави тонови, во кои е ангажиран внатрешниот ентериер, создаваат деликатна и неверојатно софистицирана атмосфера, во која се сретнуваат стилската визија и удобноста, за да создадат еден импресивен дизајнерски скапоцен камен.

Решението лежи во тоа при опремувањето на станот сепак да биде оставен елемент од стариот индустриски изглед на зградата, имено ѕид од тули, која од своја страна спектакуларно кореспондира со елегантниот дизајн на станот, давајќи му уште поимпресивно емитување.

Интересен акцент претставуваат и носечките ѕидови во одделни простории, кои од досадни елемент со кој мора да се усогласат со мебелот, успешно се претворени во примамлив детал.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18

- Реклама -