Јапонските производители Mazda и Toyota подготвуваат договор за широка соработка, вклучувајќи размена на мотори. Ова го објави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори од двете компании.
Според информациите Mazda и Toyota ќе направат напори и ќе одвојат средства за развој на нови мотори, наменети за целосно нова палета еколошки автомобили. Како дел од договорот Mazda ќе добие пристап до водородната технологија на Toyota, како и до хибридните plug-in мотори на најголемиот производител. Од своја страна Mazda ќе обезбеди бензински и дизел мотори од семејство SkyActiv.
Се наведува дека Mazda е започна сопствен развој на слични технологии, но во крајна линија сакала да ги обедини средствата и искуствата со Toyota. Двете јапонски компании одбиваат коментар, но и покрај тоа се очекува договорот да биде потпишан наскоро, тврди Ројтерс. Toyota веќе склучи сличен договор за соработка со BMW, кое предвидува развој на нови еколошки мотори, хибридни и водородните технологија, платформа за спортски автомобил и друго.