Мистериозниот сигнал што ги мачеше астрономите цели 17 години, доаѓал од нивната микробранова

Една група научници докажа дека бројот на дипломи не е гаранција дека секогаш сте во право и дека проблемот и понатаму може да ви се скрие пред носот.

Астрономите кои работат во радио-телескопот Паркс во Австралија, веќе 17 години се обидуваат да го откријат изворот што предизвикува чудни отчитувања во нивните резултати. Конечно, тие успешно презицизираа од каде доаѓаат „пречките“ во сигналот, но вистината нема никаква врска со вонземјани, шпионски сателити или слични големи сознанија. Виновникот е нивната микробранова…

Чудните неправилности биле регистрирани еднаш или два-пати годишно, а првично, астрономите сметале дека регистрирале молљи. Но дури сега, кога во нивната канцеларија била инсталирана нова опрема, тие воочија дека сигналот е емитиран од микробрановата. Се работи за малата доза на радијација што се ослободува од микробрановата ако ја отворите пред да заврши со греењето на храната, што очигледно, некој од персоналот го правел.

Сега кога мистеријата се расветли, се знае дека телескопот ги регистирал овие емисии само кога покажувал во насока на микробрановата, па оттаму и биле толку ретки.

Посрамениот Сајмон Џонстон, челник на астрофизичарите во CSIRO, за Guardian се правдаше дека кај ваквите сигнали, кога се уловени од телескопот, тешко е да се одреди од каде доаѓаат. Извештајот за „откритието“ беше објавен во еден од журналите за наука.

Во меѓувреме, Убедени сме дека од сега кај микробрановата ќе стои знак кои ќе потсетува да не се отвара вратничката се додека печката не заврши со работа.

- Реклама -