Во „Бентли“ размислуваат за компактен кросовер

Во Bentley разговарале за создавање на компактен кросовер, кој ќе биде позициониран под новиот Bentayaga. Ова го објави членот на инженерскиот борд на компанијата, Ролф Фрех.

Тој објасни за списанието Autocar дека создавањето на помал кросовер е само размислување, но се уште моделот не добил зелено светло. Слична информација дојде и од извршниот директор на брендот, Волфганг Дархајмер, кој објасни дека „создавање на деривативни модели е една од идеите на кои многу полагаме, па среќен сум што дел од ниов стануваат реалност, се повеќе и повеќе!“.

Од компанијата сепак нема официјално соопштение за „проект за компактен кросовер“, но можно е новиот модел да биде базиран на новата платформа MSB, која ќе се користи кај следната генерација на Continental GT, како и кај сериската верзија на концептот EXP 10 Speed 6.

- Реклама -