Совршени „омбре“ усни во пет чекори

Доколку и вие мислевте дека усните на Мерилин Монро се природно совршени, тогаш бевте во заблуда. Станува збор за совршен козметички трик, кој славната актерка го практикувала децении пред да стане популарен, и со самото тоа се стекнала со титулата на секс-бомба.

Меѓутоа, нејзината некогашна тајна денеска ја практикуваат повеќето мејк-ап артисти ширум светот, а станува збор за контурирање на усните кое со малку практика можете да го научите самите. Всушност, денес ви прикажуваме како да го постигнете толку посакуваниот омбре-ефект:

1. Исцртајте ги усните со потемен молив, кој подоцна ќе претставува сенка на вашите усни.

2. Потоа, пополнете го остатокот од усните со моливче во посветла нијанса. Ќе забележите дека на овој начин усните добиваат поголема димензија.

3. Следен слој е карминот. Можете да ги користите оние кои се во облик на кремасто моливче. Важно е да не се мат, бидејќи така ќе ви изгледаат „зацементирани“ усните.

4. Хајлајтер на средината на усните ќе ви даде изглед на полност и волумен. Водете сметка да е нанесен само во центарот на усните.

5. Со лепезаста четка благо преминете неколку пати додека не го развлечете хајлајтерот низ усните. Овој потег ќе резултира со 3Д ефект на вашите усни.

Честитаме! Вашите усни изгледаат полно и заводливо.

- Реклама -