Можете ли да го видите овој човек? Над 30 проценти од возачите не успеале

Минута за откровение – сте се обиделе ли некогаш да паркирате на место резервирано за инвалиди?

Не? Тогаш значи дека сте ја направиле вистинската работа.

Понекогаш сепак некои возачи избираат да ги запрат возилата на места означени како резервирани за лицата со хендикеп. Всушност, невладината организација Dislife смета дека околу 30 проценти од возачите во Русија воопшто не обрнуваат внимание на знаците и ги паркираат своите автомобили каде што сакаат.

За да привлече внимание кон проблемот и да стимулира позитивна промена, Dislife разви доста импресивна нова кампања наречена „Повеќе од знак“. Таа користи иновативна технологија, за да проектира холографска слика на маж во инвалидска количка на местото на знакот. Со помош на звучници, холограмот ги потсетува возачите дека тие го заземаат местото на вистински луѓе на кои што тоа им е неопходно.

- Реклама -