Неочекувана корист од оргазмот

Оргазмот не само што е корисен за сексуалните односи, туку и ја подобрува комуникацијата со партнерот.

Така барем тврдат американските научници од Универзитетот во државата Конектикат. Истражувањето покажало дека откако ќе доживеат оргазам, луѓето чувствуваат потреба да споделат важни информации со своите партнери. Оваа желба за соголување на искуствата пред друг човек најверојатно е поврзано со драстичното зголемување на хормонот окситоцин, познат и како “хормон на љубовта”.

Веднаш по оргазмот мозокот на човекот се полни со окситоцин. Ова води до зајакнување на чувството на доверба и намалување на нивото на кортизол или хормонот на стресот. Оваа комбинација може да создаде средина во која луѓето се чувствуваат безбедно и да направи да се откриваат уште повеќе пред својот партнер, објаснуваат експертите.

При тоа, научниците велат дека не треба да се меша сексот со алкохолот. Утврдено е дека веднаш по сексот луѓето кои повеќе или целосно биле пијани, му раскажувале на својот партнер работи кои воопшто не мислеле да ги споделат.

Зголеменото ниво на окситоцин и состојбата на алкохолна опиеност вршат спротивно влијание врз однесувањето, што може да има негативно влијание врз односите.

- Реклама -