Совршени здолништа според конструкцијата

Моден прирачник: Ова се совршени здолништа за секој тип на градба.

Иако можеби мислите дека немате конструкција создадена за да носите здолниште, се лажете. Во продолжение, фрлете поглед на нашиот мал прирачник.

Здолништата и фустаните, покрај обувките, се најдобриот женски пријател. За да ја олесните потрагата, ви предлагаме листа на најдобри модели за одредени типови на женска градба.

Атлетска градба

Ако имате широки рамења, а изразено тесни колкови, додадете малку волумен со помош на текстура. За вас идеални здолништа се широките, потоа оние на преклоп, како и здолништа со крупен дезен.

1

Градба во облик на крушка

Девојките со крушевидно тело треба да избегнуваат прилепени мини фустани кои уште повеќе ќе ја истакнат нивната градба, но и широки здолништа кои визуелно ќе им додадат на килограми. Добро скроените здолништа од типот молив, асиметричните кои вешто ги издолжуваат нозете и широките здолништа до колена се полн погодок.

Градба во облик на јаболка

Девојките со градба во облик на јаболка, без проблем можат да носат кратки здолништа, но доколку имаат изразен стомак, треба да внимаваат уште повеќе да не ги „искриват“ перцепциите. Здолништата од А-крој и лелеавите модни парчиња се одличен избор, особено во силни бои и весели дезени.

Плус сајз

Девојките со вишок килограми треба да бираат одлично скроени здолништа од типот молив или такви кои го „мамат окото“, па ја издолжуваат фигурата. Избегнувајте кратки мини или широки здолништа.

2

Висока и слаба

Одлично ќе ви прилегаат долгите здолништа со шлиц и мини со интересни детали.

Ситна девојка

На овие девојки одлично им стојат мини здолнинштата, како и асиметричните кратки здолништа.

3

 

- Реклама -