Хесус Апарисио кој е страстен навивач на Роже Федерер, се разбудил од кома по 11 години и првото прашање му било: Што се случува со Федерер?
Го дознава одговорот и не може да поверува дека неговиот идол е најдобриот тенисер во историјата на овој спорт.
Во моментов, негова желба е да посети еден натпревар на Федерер и кончно да го запознае својот идол.
Шпанецот пред 11 години доживува сообраќајна несреќа, и поради тешките повреди останува во кома. Тој период собирал пари да посети еден натпревар на Роже и лично да се запознае со него. За жал се случува несреќата. Таа 2004 година Федерер играше брилијантен тенис и се наоѓаше на првото место на АТП листата. Сега, кога Хесус се разбуди истиот тој тенисер сèуште е на врвот на табелата и игра на највисоко ниво.
„Одеднаш ми падна на памет да прашам за Федерер, мислев дека се повлекол. Кога дознав дека сèуште игра, па и дека во меѓувреме има освоено 17 Гренд слем титули ги ставив рацете на глава. Не ми се веруваше. “
Шпанецот едвај чека комплетно да се опорави и конечно да го гледа Федерер во живо, пред да се пензионира. „Сакам да изгледам еден негов натпревар пред да се повлече, зошто да не и финале на кое ќе ја освои 18тата титула“.
Па и за нас, овие 11 години летнаа, буквално како да бевме во кома. Федерер наполни 34, а се наоѓа на 2-та позиција на АТП листата.
Некои можеби го пензионираа пред време. Очигледно погрешија.