Создадена батерија за телефон што се полни за само една минута!

Масивната изолација што ја чувствуваме кога ќе ни се изпразни батеријата на телефонот е тажен отпечаток на ова модерно време. Но, наскоро на тоа ќе му дојде крај, бидејќи научниците направија батерија што ќе се полни за само една минута!

Новата алуминиумска батерија, дело на научниците на универзитетот Стенфорд, е поефтина за производство отколку литиумските батерии кои моментално ги користиме во телефоните и лаптоп компјутерите, а згора на тоа нуди и „неприкосновено време на полнење“. Според научниците, исто така е и многу побезбедна и потешко запалива од традиционалните литиум-јонски батерии.

„Развивме алуминиумска батерија која ќе ги замени постоечките капацитети, како алкалните батерии, кои се лоши за околината, и литиум-јонските, кои знаат да се запалат. Нашата нова батерија нема да се запали, па и да бушите низ неа“, вели Хонџи Даи, професорот кој помогна во развивањето на батеријата.

За разлика од литиумските батерии кои издржуваат до 1000 полнења пред да го изгубат капацитетот, новиот прототип наводно издржува 7500 полнења пред да му бидат намалени перформансите.

Минг Гонг, исто така дел од тимот, вели дека батеријата би можела да се употребува и во флексибилните електронски гаџети. Алуминиумот е флексибилен, но и поевтин од литиумот.

- Реклама -