Google далеку попрецизен од Siri

Спротиставување на Google search против Siri користејќи тест со 1600 прашања покажува дека Siri не е баш многу корисна. Google Now одговорил точно на 86 проценти од прашањата додека Siri погодила само 68 проценти.

Познато беше дека Siri не е многу добра. Но овој интензивен тест покажува колку смешен е асистентот од iPhone 4S. Ко-основачот на Apple, Стив Возниак го вели тоа уште од претставувањето на iPhone 4S – Siri не чини. Siri беше независен производ пред Apple да го купи, но Возниак вели: „Беше многу прецизен софтвер, но сега е полн одговорин водени од маркетинг кои не се точни.“

Колку е лош софтверот? Еве неколку примери од тестот направен од Џин Мунстер, човек познат по неговите про-Apple разбирања на технологијата: „Одговорот на прашањето: Кога беше премиерата на Пепелашка? водел до пребарувања на кино сали преку Yelp. Кои зачини се користат во лазања? донело Yelp пребарувања за ресторани кои нудат лазања на менито. Сакам да стигнам до Езерото Супериор дало упатства до компанијата Lake Superior X-Ray.“

Јасно е дека Возниак е во право. Apple верзијата на Siri е извалкана бидејќи е водена од маркетинг, преферирајќи комерцијални сајтови Yelp или компании наместо вистински корисни резултати. Може да се брани софтверот со фактот што Apple го третира како Beta, но Возниак поставува добро прашање, зошто сегашната верзија е полоша од независната апликација која Стив Џобс ја купи кога сè уште раководеше со компанијата?

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Авторизираната биографија на Џобс вели дека тој не бил во најдобра состојба при тестирањето на Siri, и бил премногу слаб да дојде на работа. Тој ја пробал сегашната форма на Siri на неговиот последен состанок на одборот. Тој си поиграл накратко со Siri и, разбирливо во тој момент, не бил многу заинтересиран. Тешко е да се поверува дека тој би дозволил софтвер со 68 проценти прецизност да биде инсталиран во конечен производ.

{youtube}hEfZCeQdRXs{/youtube}

Нова верзија на Siri ќе биде достапна во новиот iOS 6. Таа верзија изгледа многу покорисно, останува само да се надеваме дека Apple ќе се откаже од комерцијализмот во корист на одговори кои би биле корисни. [Minneapolis street test: Google gets a B+, Apple’s Siri gets a D]

- Реклама -