Куќите што лебдат стануваат реалност

Иднината е сега- животот во облаци е на дофат.

Руските дизајнери го претставија визуелниот концепт за најновиот облик на живеалиште, кој е карактеристичен по тоа што ќе лебди, но и ќе може да лета. Дмитриј Улитин и Анастасија Таратут од дизајн студиото Artzona.ru, велат дека куќата ќе може да се користи како дом, викендица, но и мало летало.

700_c5818b05be3addb3247a1fcaf55a0604[1]

Сопственикот на куќата ќе може да плови низ облаците, што за многумина ќе биде остварување на сонот. Се разбира, таквата привилегија доаѓа по скапа цена – Freeдом ќе чини најмалку 6 милиони евра. Дизајнот ќе се усовршува уште минимум 4 години, но чекањето и тоа како ќе биде вредно. Она што е најголема предност на „Куќата на слободата“ е што не е врзана за одреден простор и за временски период, што значи дека сопствениците нема да плаќаат станарина, меѓу другото.

1020143807[1]

Аеростатичката моќ на куќата е овозможена преку боци со стабилизиран водород, но и термална опрема и вертикално-хоризонтален пропелер. Моторите на пропелерот работат на водород и на бензин, а при мирување, моторите служат како генератори на струја, со помош на ветрот.

Куќата ќе можете да ја возите рачно или автоматски. Летањето е потополно безбедно, бидејќи во случај на недостаток на водород, куќата може да продолжи да се движи со брзина од 3 метра во секунда.

- Реклама -