Њујорк 2015: Пристигнува луксузниот Range Rover

Land Rover ја открива луксузната SUV верзија врз Range Rover – SVAutobiography на салонот во Њујорк. Машината е развиена од дивизијата SVR и претставува најлуксузниот Range Rover во исоријата на моделот.

Каросеријата на моделот е во две нијанси на луксузни сиви бои, а впечаток остваат и огромните хромирани тркала. Позади пак јасно се гледа четворниот издувен систем. Во внатрешноста има нова декорација од дрво и алуминиум, подвижно дно на багажникот, фрижидер за задните седишта, како и два таблети позади.

За луксузниот модел се предвидени три мотори, SDV6 Hybrid и SDV8, како и новата верзија со 5.0-литарски V8 со 550 КЅ, кои се доволни за забрзување до 100 km/h за 5,5 секунди. Во Европа моделот тргнува во продажба од летото по цена од 150 илјади фунти, а во САД промоцијата е предвидена за на есен, со старт од 200 илјади долари.

- Реклама -