Со коктел против пушење

Оставете ги цигарите засекогаш. Обидете се со овој коктел, кој им помогна на многумина.

Свесни сте дека пушењето е штетно за вас и дека е тоа навика која порано или подоцна ќе морате да ја исфрлите од секојдневието. Трикот кој ви го носиме им помогнал на многумина засекогаш да ги остават цигарите, па не ве чини ништо да се обидете.

Зеемете една супена лажица сода бикарбона и сипете во чаша вода. Промешајте, така што содата сосема ќе се растопи. Овој коктел пијте го два пати дневно, во првите две седмици, а ако веќе не престанете со пушењето во првата недела, следната пијте го еднаш дневно.

Исто така, можете да ја измиете устата со овој раствор секој пат кога ќе почувствувате потреба да запалите цигара. Оваа мешавина можете да ја носите со себе во шише и да ја користите секогаш кога ќе почувствувате потреба за цигара.

Уште порадикално средство е да ја намокрите цигарата во овој раствор. Многу брзо ќе ја загубите желбата за пушење, советуваат експертите по алтернативна медицина.

- Реклама -