Правила за облекување за жени со облини

На жените со облини најдобро им прилегаат фармерки и панталони со висока половина.
Иако се уште не можеме официјално да потврдиме дека облините се во мода, се почесто гледаме полнички манекенки во кампањи на топ брендови, па  затоа веруваме дека сме на чекор до промена во светскиот моделинг – индустрија која е една од клучните фактори за создавање на дефиниција за убавината.

Во краен случај, веќе некое време светот на најубавите и најпосакуваните им припаѓа на жените кои имаат облини: Скарлет Јохансон, Блејк Лајви, Ева Мендез и Моника Белучи, но и Ким Кардашијан која што ја прослави нејзиното тело.

1

Еве неколку интересни правила:

1. Фустан на преклоп, како и краток џемпер знаат да ги нагласат женските облини во вистинската мерка. Под џемперот можете да носите кошула.

2. Можеби ви се чини дека е така, но на жените со полнички облини од сите модели на фармерки најдобро им одговараат оние со висока половина.

 

3.Цигара – панталоните со висока половина можат да изгледаат многу софистицирано и елегантно во комбинација со класични салонки и атрактивна блуза.

3

4. Доколку сакате да создадете илузија на тенка половина, најдобар начин да го направите тоа е да го стилизирате аутфитот со ремен. Без разлика дали носите фустан, здолниште или панталони, ременот ќе ја нагласи вашата половина на најбрз и најлесен начин.

 

5. Клучниот модел кој секоја жена со облини би требала да го има во својата гардероба е здолништето со од типот „молив“.

 

- Реклама -