Нова оптичка илузија: Овие две фотографии се сосема исти

Иако најверојатно веќе на сите ни здодеа приказната за црно-синиот (или златно-белиот) фустан, сепак, уште една оптичка илузија стана вирална. Верувале или не, но овие две фотографии се сосема исти.

Доколку ја набљудувате внимателно фотографијата прикажана погоре, ќе забележите дека ноктите се налакирани и усните заруменети во едноставна бледо розова боја, меѓутоа, доколку кликнете на неа, ќе ве дочека истата слика, на која преовладува бордо-виолетова нијанса.

Иако причината за различната перцепција на боите на фустанот имаа научно објаснување поврзано со светлината и со начинот на кој функционираат нашите очи, сепак, во овој случај станува збор за едноставен фотошоп трик. Оваа слика најдобро функционира на Твитер, каде ја менува бојата во зависност од тоа дали ја гледате на тајмлајн, каде позадината е бела, или ја набљудувате одвоено, каде позадината е црна.

Во Фотошоп пак, овие усни и нокти се провидни, со неколку црвени пиксели, што значи дека бојата на позадината одредува каква боја ќе гледате на фотографијата.

- Реклама -