Формула на облекување после 40-те: модни совети за сите дами

За жените кои навлегле во четириесеттите години од животот, здолништето не треба да биде ни премногу кратко, ни премногу долго. Откријте ја идеалната должина.
Кога жената ќе наполни 40 години, одредени стилови треба да им се препуштат на младите дами и да се изберат парчиња кои прилегаат на возраста. Нормално, постојат начини да го задржите вашиот стил, но малку да го софистицирате и да го прекриете она на кое што не сте горди.

За таа цел, ви нудиме неколку совети.

1. Прилагодете ја облеката на градбата

Кроевите кои не одговараат на вашиот тип на тело, не може да ви прилегаат соодветно. Избирајте парчиња кои ќе ги нагласуваат вашите аудути,  а не да го истакнуваат она што сакате да го сокриете.

2. Должината на здолништето

За жените кои ги поминале 40-те, здолништето не треба да биде ни прекратко, ни предолго. Со прекратко ризикувате да изгледате смешно, а во предолго постаро. Идеалната должина е малку над колената.

3. Обувки

Правило кое важи за жените од сите возрасти – никогаш немојте да носите непријатни и обувки со потпетици на кои не можете да застанете.  Изберете висина која не ви пречи и нека биде во некоја жива боја. Пастелните бои се идеални за пролет, а посмелите можат да купат пар во црвена, сина или пинк боја.

4. Идеална боја на фармерки

Колку и да сте задоволни со линијата, во овие години треба да бирате темни фармерки со повисока половина.

5. Накит, без претерувања

Не претерувајте со украсите. За жените во 40-те сосема доволна е на пример само голема алка или ефектно ланче. Со големи обетки избегнете алка или ланче, евентуално можете да носите дискретен прстен.

6. Додадете бои

Тоа што минуваат годините, не значи дека во вашата гардероба мора да има монотонија. Едноличната гардероба секогаш во иста боја, ќе направи да изгледате постаро, затоа осврнете се кон весели нијанси. Пролетта е на прагот, носете боја на кајсија, пастелно зелена, розева.

7. Обрнете внимание на градникот

За горниот дел од вашето тело да изгледа убаво, не смеете да носите било каков градник. Со оглед на тоа што градите со текот на времето се спуштаат и менуваат, особено кај жените што раѓале и доеле, неопходно е да изберете совршен градник. Потрудете се да најдете таков во кој ќе ви биде пријатно, а кои воедно ќе ги држи вашите гради како што треба.

Дополнителни совети:

– Не покажувајте премногу

Жените во одредени години не можат да се носат како оние на 20. Колку и да ви е совршена линијата, обидете се да не ја преминете границата на добриот вкус кога е во прашање разголувањето.

Неопходни детали

Наочарите за сонце или вид кои совршено одговараат на вашиот облик на лице можат визуелно да ве подмладат за неколку години.

Забавувајте се со боите, освежете ја гардеробата и бидете дама со стил во било кое доба.

- Реклама -