Не ја забележува вашата нова секси долна облека? Еве што да направите

Подвезици, секси гаќичките или разните градници се одличен украс на секоја жена… Или не?

Сигурно барем еднаш сте го израдувале (или барем тоа било идејата) својот партнер со секси облека. Сте издвоиле солидна сума пари и сте купиле долна облека, само за тој потоа веднаш да ви ја соблече, без видливо воодушевување или коментар за вашиот неодолив изглед. А вие сте оставени да се преиспитувате дали сето тоа навистина вредело…

Бројните искуства на жените покажуваат дека воодушевувањето за вашиот полугол изглед трае кратко или воопшто го нема, бидејќи крајната цел на мажот е да го соблече секое парче облека од вашето тело. Заради тоа, предиграта кратко трае, а вашето секси изненадување ќе заврши на подот, наместо да го привлече погледот на вашиот партнер и да го задржи на вашите облини.

Дури и да е така, не се откажувајте од купувањето на секси долна облека. Постои друго решение. Имено, доколку сте купиле нова долна облека, а сметате дека нема да го добиете потребното внимание, носете ја повремено по дома, кога сте сами со саканиот, додека гледате филм, готвите и сл. На тој начин сигурно ќе му го привлечете вниманието, но не дозволувајте веднаш да дојде до секс – напротив, натерајте го да чека колку и да ви е вам потребно. На тој начин гарантирано ќе го забележи секој детал на вас.

Комбинирајте гаќички во боја, градници со украси, халтери, кратки ноќници или едноставно, баде-мантил. Ќе се уверите дека вашиот партнер, понекогаш, се интересира и за она што го имате на себе, и дека тоа ве прави уште посекси во неговите очи.

- Реклама -