Дали е ова најлошата кинеска копија направена досега?

Кога кинеските автомобилски компании го копираат дизајнот на етаблираните светски производители (најчесто европски), обично настојуваат верно да го пренесат обликот и димензиите на одреден модел, но се чини дека во овој случај „кикснале при препишувањето“.

Последниот примерок е мал градски електричен автомобил кој поради некоја, којзнае каква причина, стилски потсетува на моделите од Lamborghini. Се разбира дека конечниот производ е, најблаго кажано, чуден. Слободно може да се каже дека неговата реализација е една од поглупавите идеи во историјата на автомобилскиот дизајн.

Urban Supercar (2)

Станува збор за модел кој наводно го носи називот Urban Supercar, а конструиран е од страна на кинеската компанија Lishededidong, која се бави токму со производство на мали електрични градски модели.

Моделот Supercar наводно на пазарот е присутен од средината на 2014-та година, но европските медиуми дознаваат за него дури сега. Придвижуван е од електричен мотор со моќ од 10 КС и максимален вртежен момент од 5 Nm, додека пак максималната брзина изнесува 80 km/h. Автономија е 150 километри, а вкупната негова тежина изнесува 1.200 kg.

Urban Supercar (3)

На крајот, да споменеме дека Urban Supercar чини околу 7.500 евра.

- Реклама -