Лекот од кал, предизвик за 21 век

Малата направа наречена Ichip може да им овозможи на експертите во иднина да не снабдат со антибиотици добиени од мочуриштата, земјата и пошироко.

Користејќи ја новата постапка за одгледување на бактерии во лабораториски услови, експертите од Нордистерн, универзитетот во Бостон, неодамна успеаа да го добијат првиот нов антибиотик, по речиси 30 години.

Издвоен бил примерок од земјиштето, земен од тревните ливади во Мејн, наречен teixobactin.

blato-foto-profimedia-1426241203-625166

 

Тој би можело да лечи хронични зарази предизвикани од грам – позитивни бактерии кои станале отпорни на постоечките лекови. Покрај тоа, teixobactin досега не покажал занаци дека MRSA ( златниот стафилокок отпорен на метицилин, кој предизвикува сепса) и Mycobacterium tuberculosis (предизвикувач на туберколоза) развиле отпорност на него.

Клучната направа која е наречена „изолационен чип“ или скратено Ичип, овозможила да се добијат многу повеќе бактериски колонии во споредба со вообичаените постапки.

Тоа е мала направа од цврста пластика, долга околу 7 и широка околу 2 сантиметри. Истражувачите тврдат дека на овој начин успешно ќе се размножуваат бактерии од голем број на рзлични извори, вклучувајќи плунка, солена вода, отпадни води на биореактор. Се смета дека би можела во иднина да се изведе и бактерија од големите океански длабочини, можеби дури и од друга планета.

antibiotik-foto-profimedia-1426241234-625173

- Реклама -