Кои мириси влијаат на расположението и продуктивноста?

Мирисите можат значително да влијаат на начинот на кој се чувствуваме.

Во Јапонија на пример, не е невообичаено на работното место да се користат различни мириси за рекреација и релаксација или за зголемување на концентрацијата.

Истражувањето на јапонската компанија за вкусови „Такасаго“ покажува дека работниците имале помали грешки, кога во канцеларијата мирисало на лимон.

Еве уште неколку мириси што можат да влијаат на вашите вештини и позитивно да дејствуваат врз мозокот:

Рузмарин

p1

Има заслуга за трезвено размислување, го подобрува помнењето и промовира поголема активност на умот.

Јасмин

p2

Освен што помага за релаксација, јасминот ги ублажува загриженоста и тензијата.

Лаванда

p3

Како многу благотворен мирис, лавандата го отстранува стресот и ја намалува анксиозноста.

Нане

p4

Мирисот на нане е многу освежувачки и енергичен. Нането помага при концентрација и го стимулира умот.

- Реклама -