Скриено во пандорината кутија за љубовни врски

Пет реченици што можат да ја уништат секоја врска.

Во жарот на расправијата кажуваме многу нешта што не ги мислиме, но и она што во нас тлее веќе некое време. Некои коментари изговорени во афект набрзо ќе бидат заборавени, но некои можат да нанесат непоправлива штета.

Да ја отвориме пандорината кутија на врските.

1. Не ти верувам

Овие зборови воглавно ги изговараат жени кои се полни со сомнеж, а многу можат да наштетат, особено кај маж кој е сосема искрен. Голем број жени знаат како е да се биде параноичен и да се разбива глава поради сомнеж за на крајот да се испостави дека бил само производ на фантазија. Да избркате добар човек поради неоснована љубомора е сосема бесмислено.

2. Сите мажи/жени се исти

Не се сите исти. Ако сте излегле со рани од некоја врска, не значи дека не постои некој кој нема да ви го направи тоа. Доколку дадете ваква изјава сред некоја расправија, можете лесно да ја изгубите почитта. Не дозволувајте фрустрацијата да го победи доброто.

problems-in-love

3. Не си добар/добра во кревет

Безралика дали тоа е вистина или не, ваква деликатна работа кажана на најгруб начин може засекогаш да го уништи вашиот однос. Срушеното его тешко заздравува. Доколку не сте задоволни, обидете се да го поправите тоа со разговор и договор.

4. Старата љубов не би го направила ова

Споредувањето на поранешните со сегашните води до прекин. Пред да ја кажете оваа злобна забелешка, сетете се дека со поранешните сте раскинале со причина, па не може да е толку совршено колку што мислите, откако се смирила бурата. Прифатете ја новата врска, особено новата личност онаква каква што е, а не да се обидувате да создадете слика, како би можело да биде.

relationship-problems

5. Твојата мајка мора да се меша во сè

Не е само мит тоа дека мајките сакаат да се мешаат во животот на своите деца. Во некои случаи тоа се менува, но некои луѓе ја немаат таа среќа. Бидете суптилни во изборот на речениците.

- Реклама -