Предизвика бурни реакции, откако го истетовира фустанот

Нему овој фустан му е сино-црн (впрочем таков е и оригиналот), а кога се напил за момент бил бело-златен.

Интересно е што момчето кое го тетовираше познатиот фустан не очекувал дека и тој ќе стане интернет сензација колку и фотографијата од минатата недела.

Ако уште не ви е јасно за кој фустан зборуваме погледнете ТУКА.

– Зошто да не? Јас секогаш сум бил во чекор со социјалните медиуми, мемиња, хистерии на интернет, па решив да ја испратам и оваа сензација, изјави Даниел.

Нему овој фустан му се гледал сино-црн, но кога се напил на моменти бил бело-златен. Интересно е тоа што за момчето кое го тетовирало истиот, фустанот бил и останал бело-златен. Сепак, Даниел не очекувал волку бурни реакции на интернет, на сметка на неговата тетоважа.

– Тоа беше шега. Не знаев дека луѓето ќе полудат по неа. Некои дури се навредија. И јас мислам дека тетоважата е глупава, но затоа е смешна. Секако е подобра од знак за бесконечност или гулаб,вели Даниел.

haljina_1425226209

 

- Реклама -