Роботи – бармени во најголемиот брод на светот

Компанијата „Royal Caribbean“ ги објави деталите за новиот брод „Harmony of the seas“, за кој што се тврди дека ќе биде најдолгиот брод на светот.

Бродот ќе тежи 227 000 тони и ќе биде долг 362 метри. Поморскиот ѕвер ќе има 16 палуби, 5479 соби за гости и 2 747 кабини. Со своите димензии овој брод дефинитивно ги надминува и „Allure of the seas“ и „Oasis of the seas“, кои засега се најголемите во светот.

Изградбата на овој мегакруиз ќе чини 1,35 милијарди долари, а неговата прва пловидба се очекува во април 2016 година.

Илјадниците патници ќе бидат опслужувани од бармени – роботи. На одборот патниците ќе може да уживаат во јапонска, мексиканска и американска кујна.

Бродот ќе биде поделен на седум оддели, вклучувајќи спортска сала, сала за забава и зона со базени.

- Реклама -