Кесичка од чај меѓу садовите, или шкафчето

Следен пат кога ќе испиете шолја топол чај, не ја фрлајте кесичката, туку испробајте некој од овие корисни трикови.
Многумина од нас уживаат во здравствените придпбивки од чајот, но дали сте знаеле за што можете да ги искористите употребените кеички.

Верувале или не, тие можат да ви го зачуваат домашниот буџет, а еве и како.

Иритација на кожата, изгореници, убод од комарец

Натопете ја со вода исушената кесичка од чај и нанесете ја на место кое треба да го третирате за да ислечите воспалување. Овој трик може да го искористите и за темни подочници и за да го намалите окоток околу очите и да го освежите овој дел од лицето.

Мириси од ладилникот

Не морате да купувате сода бикарбона за да се решите од непријатните миризби што доаѓаат од вашиот фрижидер. Неколку кесички чај ставете во пластичен сад и ќе ја завршат работата подеднакво добро.

Миење на садови

Доколку ве чекаат многу неиспрани садови, и тука може да се примени оваа фора. Неколку кесички од чај, потопете ги во мијалникот со валкани садови и кесичките ќе ги отстранат мастите. Доколку оставите да преноќат, утредента многу полесно ќе ги измиете.

Бубачки и останати штетници

Кесичките оставете ги во шкавче и останатите критични делови од станот. Тука најефикасна би била ќесичката од чај од нане, бидејќи глувците и бубачките не го поднесуваат.

Прочитај повеќе на оваа тема: Ги фрлате користените кесички чај? По читањето на ова, тоа нема да го направите повторно

- Реклама -