Грепка за живот: Најтрагичните приказни на добитници на лото – дел 2

Во првиот дел прочитавте што се преживеале „среќниците“ откако добиле на лото. Овде, работите се поинакви. Овде добитниците не преживеале.

Иби Ронцајоли

ibi[1]

Во споредба со претходните приказни, оваа на Иби е уште полоша. Овде нема да сретнете победници.
Доктор Јосиф Ронцајоли, сопругот на Иби бил обвинет за убиство. Тој ја отрул својата сопруга, откако веќе добила на лото. Тој тврди дека само сакал да и ги умртви рацете, но убоди од игли се најдени по целото тело, а во нејзиниот систем е најдена голема количина на лекови против болки.
Непосредно по смртта на Иби, Јосиф бил непријатно изненаден. Кога отишол да ги извади парите од сефот, каде што ги чувале, сфатил дека внатре нема ништо. Се испоставило дека претходно Иби потпишала банкарски документ со кој целата сума ја препишала на „својата душа“, а голем дел од парите им дала на своите три деца, од кои Јосиф знаел само за едно.

Били Боб Харел Џуниор

v09zmu2nczmuok76kito[1]

„Среќата со пари не се купува“ веќе станува смешна. Ама приказната на Били Боб е силна потврда на вистинитоста на изреката.

Били бил сосема обичен човек. Пред да добие на лото, тој и неговата сопруга генерално биле без пари и работеле лошо платена работа. Кога премијата се нашла во неговите раце, тој правел се што би направиле и ние: дал отказ, го однел семејството на одмор на Хаваи, купил куќа и автомобили за најблиските, а донирал и пола милион на сиромашните. но, големите пари носат и голема алчност, и тоа пред се, кај другите. Били морал да го менува бројот на телефонот неколку пати, заради постојаните повици од странци кои барале донации. Згора на тоа, тој направил многу лош договор со компанијата што ја доделувала премијата – се договорил да уплаќа паушален износ, во замена за процент од нивната годишна добивка. Се покажало дека тоа никогаш не е паметно да се направи, бидејќи се губат многу пари. Приказната не застанува тука. Неговиот личен живот почнал да се распаѓа. Сопругата го оставила за помалку од една година откако ја освоил премијата. Неговиот финансиски советник раскажува дека Били Боб неколку пати му признал дека лотаријата е најлошото нешто што му се случило во животот. Се сомневате? Харел е пронајден мртов во својот дом, само 20 месеци по добивката, со прострелна рана на телото. Куршумот бил испукан од неговата сопствена рака.

Урој Кан

article-2286717-185FB3A0000005DC-155_634x439[1]

Неговата приказна е како од крими-роман. Кан бил имигрант од Индија и живеел во Чикаго. Се што имал прокоцкал, се до моментот кога еден ден ја купил грепката што му донела милион долари. Кан бил пресреќен, па дури му дал и 100 долари на продавачот, со ветување дека ќе му дадел и повеќе ако имал во себе. Кан решил да ја подигне целата добивка одеднаш, па по плаќањето на сите потребни даноци му останал само половина милион. На денот кога му пристигнал чекот, Кан вечерал со своето семејство – сопругата и ќерката од првиот брак. Истата вечер, пред Кан да стигне да го уновчи чекот, лошо се разболел и завршил во болница, каде што и умрел. Првенствено, се сметало дека причината за смртта била блокада на артериите. Дури откако неговиот брат инсистирал на обдукција било откриено дека Кан умрел од труење со цијанид. Жена му и ќерката ја поделиле премијата.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Абрахам Шекспир

article-2444282-1886C09500000578-236_634x461[1]

На прв поглед, неговата среќка паднала во вистинските раце. Абрахам бил вреден американски работник за кој многумина имале само пофални зборови. Го купил тикетот од забава, ненадевајќи се дека може нешто да добие. Ама ете, се случило. За разлика од многумина, Абрахам не се луксузирал без мера и им помагал на луѓето колку што можел. Откако веќе го потрошил поголемиот дел од парите, животот му тргнал на полошо. Според блиските, Абрахам постојано бил прогонуван од луѓе што барале пари, па дури му доаѓале и на врата. Тој пак, често им дозволувал на бездомниците да преспијат кај него, што веројатно брзо се расчуло, па затоа и толку му додевале. Токму таа негова добрина и го убила.
набрзо по добивката, се спријателил со Ди Ди Мур. Таа му ветила дека ќе му помага околу сметководството, но наместо тоа, го ограбила. Едно време, Абрахам го снемало. Ди Ди на сите им раскажала дека тој побегнал од сите тие луѓе кои го молеле за пари. Во меѓувреме полицијата открила дека токму Ди Ди е таа што ги праќа повремените пораки до блиските на Абрахам, пратени токму од неговиот телефон. Детективите го нашле неговото тело под бетонска плоча во куќата на Ди Ди Мур, која патем била регистрирана на нејзиниот дечко.

Тогаш почнал да се распаѓа нејзиниот план. Не се предала без борба – се обидела да го препише убиството на Абрахам на одредени дилери на дрога, па и на сопствениот 14-годишен син. Сепак, во декември 2012-та, таа е осудена на затвор без можност за условно, за убиство од прв степен.

Во меѓувреме, целата добивка ја снемало. Не останало ништо за децата на Шекспир, кои веќе истата година кога тој е убиен останале без пари, немајќи доволно ниту да си купат чевли.

Џефри Дампиер

ry65rf5lohcwyhpsbykk[1]

Добивка од 20 милиони долари би требало да значи прекрасен нов почеток за секој што ќе ја добие. На почетокот, така и изгледало. Џефри започнал свој бизнис со пуканки, а остатокот од парите ги трошел на подароци за своите пријатели и најблиски. Во таа листа била вклучена и неговата снаа Викторија, со која имал афера. Очигледно, Џефри не размислил доволно за тоа дали и колку смее да ја размазува својата љубовница, особено што таа била неизмерно алчна и имала зли намери. Кулминацијата се случува кога таа и нејзиниот љубовник Натаниел одлучиле да го ограбат Дампиер. На кобниот ден, тие му ги врзале рацете и нозете, а за целото време Натаниел и се заканувал на Викторија дека ќе ја убие, ако таа не го убие Дампиер. Во целата таа паника и тензија, ситуацијата завршува со куршум во тилот на Џефри.

- Реклама -