HTC One M9 ќе дојде со уште помоќни BoomSound звучници

BoomSound звучниците се едни од најпосебните карактеристики на HTC One M8, па не е изненадувачки тоа што тајванската компанија повторно ќе се обложи на нив и кај претстојниот One M9, за да им обезбеди на корисниците одличен квалитет на звукот. Овој пат дури и може да добиеме нешто уште подобро, според акцентот што е ставен во најавите.

thumb640x320_WWpzT-620x425

Производителот на смартфони пред официјалното промовирање на 1 март, објави неколку видеа на кои го претставија делумно она што можеме да го очекуваме.

htc

HTC ќе го претстави One M9 на 1 март на Светскиот мобилен конгрес кој ќе се одржи во Барселона. Се очекува тогаш да видиме две верзии на смартфонот – едната со 5-инчен 1080р дисплеј и M9 Plus со 5.2-инчен Quad HD екран.

Претпоставуваме дека двата уреди ќе имаат слични карактеристики, но за тоа ќе треба да се воздржиме уште некое време.

- Реклама -