Ако се обидеш – Чарлс Буковски

Ако се обидеш оди до крај, во спротивно не започнувај.

Ако се обидеш оди до крај – тоа би можело да значи разделба со девојката, жената, роднините, работата, или можеби твојот разум.

Оди до крај.
Може да значи, да гладуваш 3 или 4 дена, или да се замрзнеш на клупа во паркот.
Може да значи затвор, може да значи исмејување, изолација.

Изолацијата е дар,
се што е останато е проба на твојата издржливост, доколку навистина сакаш да го направиш тоа.

И ќе успееш, покрај одбивањата и најлошите изгледи
и ќе биде подобро од се’ што можеш да замислиш.

Ако се обидеш – оди до крај.
Не постои чувство како тоа.
Ќе бидеш сам со боговите
а ноќите ќе пламнат во жар.

Направи го тоа, направи го, направи го.
До крај, до крај.

Ќе го возиш животот кон совршената насмевка,
а тоа е единствена борба. вредна за труд.

Прочитај повеќе: Цинични и мудри цитати на Чарлс Буковски

- Реклама -