Чарлс Буковски – поет, циник и икона – едвај има човек кој доживува рамнодушност кон легендарниот американски писател. Тој е роден во 1920 година, а е познат со бескомпромисниот јазик и неселективниот личен и професионален живот.
Ви предлагаме да се потсетите на неговиот личен, циничен, малку застрашувачки, но единствен и некако оптимистичен свет со помош на неговите сопствени зборови.
- Мојата пијана од пиво душа е потажна од сите мртви новогодишни елки во светот.
- Речиси секој се раѓа како гениј, а умира како идиот.
- Еве кога сфаќаш дека си остарел – кога седиш и се прашуваш каде отиде сè.
- Разликата меѓу животот и уметноста е тоа што уметноста е поднослива.
- Разликата помеѓу демократијата и диктатурата е во тоа што кај демократијата прво гласаш и потоа добиваш заповеди, додека кај диктатурата не го губиш времето со гласање.
- Љубовта е пат со смисла; сексот е смисла сам по себе.
- На жените никогаш не им треба благоразумност, единственото нешто што сакаат е да се одмаздат емоционално на некого за кого што се грижеле премногу.
- Убавите мисли и убавите жени никогаш не се задржуваат.
- Можеш да затвориш тигар во кафез, но никогаш нема да си сигурен дали ќе се скроти. Кај луѓето е полесно.
- Задникот е лицето на душата на сексот.
- Најлошото нешто за еден писател е да познава некој друг писател, а кога познава голем број други писатели, станува ужасно.
- Почетокот на една врска секогаш е најлесна. Потоа почнуваат откритијата – и никогаш не завршуваат.
- Токму тоа е проблемот со пиењето. Ако се случи нешто лошо, пиеш за да заборавиш; ако се случи нешто убаво, пиеш за да прославиш; а ако ништо не се случува, пиеш за да се случи нешто.
- Љубовта се издржува, но само ако може да се справи со психичката напнатост. Кога си заљубен, сеедно се обидуваш да носиш на грб полна кофа со лајна.
- Со луѓето е така. Колку повеќе ги истражуваш, толку повеќе се гледа колку се ненормални. Понекогаш тоа е забавно – барем на почетокот.
- Храброста е прашање на стил во една безизлезна ситуација, каква што е животот.
- Добриот писател знае кога да не пишува.
- Луѓето без морал често се сметаа за слободни, но најчесто само беа лишени од способноста да чувствуваат и да сакаат. Така го прегрнаа слободниот секс. Мртви кои тропаат врз други мртви. Во нивната игра немаше ризик или хумор – беа трупови кои тропаат врз други трупови.
- Кога лажеш некој човек за неговиот талент само затоа што седи наспроти тебе, тоа е најнепростлива лага од сите, бидејќи така го охрабруваш да продолжи и на крајот да си го уништи целиот свој живот само затоа што нема талент. И сепак повеќето луѓе постапуваат токму така – претежно пријателите и роднините.
- Ако еден човек не може да напише љубовен расказ од него нема полза.
- А сепак, од време на време човек имаше потреба од жена – дури само за да си докаже дека е способен да си најде.
- Што може да постигне еден поет, ако не чувствува болка? Болката е исто толку важна како и машината за пишување.
- Лудите и пијаниците се последните светци на оваа ера.