Се повлекуваат од пазарот за телефони: Sony веќе не се заинтересирани за електроника

Sony најави дека ќе ја подели својата компанија на неколку различни делови. Ова е следната фаза од постепениот расцеп на компанијата во текот на годините.

Во 2014 година, видовме како Sony создаде посебна компанија која се занимава исклучиво со телевизори и поврзани технологии. Таа го раздели и одделот за паметни телефони и мобилни уреди на Sony Mobile пред неколку години , но тоа очигледно нема да заврши.

Вчера од Sony објавија дека ќе ги разделат и одделенијата за аудио и видео електроника. Според нив овој потег дава можност за пофлексибилни решенија и подобро планирање на идните производи. Причина за повлекување од овие два пазари е што Sony не верува дека може да се натпреварува со евтините конкуренти од Азија, ниту со поквалитените уреди од Apple и Samsung.

Со одлуката да се одделат различни единици кои одговараат повеќе самостојно на потребите на корисниците, се одговара на внатрешните проблеми во компанијата.

Практично матичната компанија останува со три главни активности кои ги презема во целост:

1. Sony Pictures Entertainment за филмска уметност

2. Playstation оддел, кој развива гејминг конзола на компанијата, како и придружните услуги

3. Продажба на сензори (кон Apple за iPhone)

Само времето може да покаже дали Sony ќе одбележат успех со овој план.

- Реклама -