Три сонца на небото на Русија

Жителите на Челјабинск, Русија, имаа прилика да видат многу необична глетка на утринското небо – три сонца.

Температурата во оваа област се симна на дури -25 степени, што пак придонесе во воздухот да се формираат хоризонтални хексагонални ледени кристали, кои се невидливи за голо око. Благодарение на начинот на кој овие кристали ја рефлектираат светлината, се создава оптичка илузија како да има три сонца на хоризонтот.

Појавата се нарекува пархелија (лажно сонце), а позната е и како „зимско виножито“. Најчесто е проследена со прстен кој ги поврзува „сонцата“.

Инаку, првиот документиран случај на пархелија е забележан уште во списите на старите Грци, но и во шекспировата драма „Хенри VI“, во која феноменот се спомнува во моментот пред клучната битка.

928064_417238685108023_1411858393_n[1]

- Реклама -