Нова таблета што прави жените да сакаат да имаат секс

Револуционерната нова таблета е прва што вистински ја зголемува желбата за секс кај жените.

Фармацевтите од Maker Sprout велат дека по земањето на лекот, жените кои од оваа или онаа причина го изгубиле интересот за секс имаат дупло повеќе сексуални односи.

За разлика од Вијагра, „Флибансерин“, како што е наречена пилулата, работи директно врз мозокот. Пилулата која сеуште е во процес на сертифицирање, ги потикнува мозочните хемикалии за кои се смета дека водат до сексуална желба.

Очекувано, лекот е контроверзен. Два пати беше одбиен од американската агенција за храна и лекови, со образложение дека не е доволно ефективна и има споредни ефекти, како сонливост.

Синди Вајтхед, од Maker Sprout, смета поинаку. „Мажите имаат неколку опции за третман на сексуалната дисфункција. До сега, немавме ниту една опција за најчестата женска дисфункција“.

„Им ја зголемуваме желбата за 53%. Им ја намалуваме вознемиреноста и истоштеноста за 29%, а потоа тие имаат дупло повеќе задоволителни сексуални настани“, образложува таа.

И ајде да бидеме искрени: Сонлива жена со силна желба за секс? Има ли подобро?

- Реклама -