Навики на жените со редовни оргазми

Покрај менталното и физичко задоволство, сексот е блажено спојување на две тела во едно, што го чини задоволството поубаво, доколку истото заврши со оргазмично вознемирувачко финале.

Има жени кои достигнуваат до него многу често, а научниците разговараат на оваа тема и објаснуваат кои се благотворни навики на дамите со редовни оргазми.

Според експертот Фран Волф претставничките на понежниот пол , кои се самозадоволуваат редовно го познаваат подобро своето тело. Знаат кои се нивните најчувствителните точки и што е она што би ги довело до врвот на задоволството. Интервенцијата на нивниот партнер може да ги направи работите уште повеќе топли и убави.

Обрнете внимание на нивната К-точка

Според зборовите на Фран Волф повеќето жени имаат потреба од стимулирање на клиторисот за да добијат оргазам.

Има време до суштината

Предиграта е исклучително важна и кај жените создава сексуален бран, притоа оставајќи повеќе време за постигнување на оргазам. Препорачливо е барем 10-20 минути претходна игра, според експертите.

Споделете ги своите желби

Жените, достигнуваат лесно до врвот, доколку ги споделат своите сексуални желби, што го олеснува патот до големото „О“.

Може и со фрази од типот на „Јас сакам кога правиш така …” или “… ова навистина ме возбудува”.

Не мислат нападно за оргазмот

Жените кои имаат проблем со постигнување оргазам, само треба да престанат да мислат на него и да се ослободат.

Колку повеќе е опуштена една жена, толку поголема е шансата таа да стигне до врвно задоволство, според стручњаците.

- Реклама -