Поинаква перспектива низ погледот на еден космонаут кон нашата планета

Многу нешта се менуваат кога стоите над Земјата и гледате во сиот неред што човештвото успеа да го создаде на неа, пишува Science Alert.

Да бидеш космонаут ти дава многу уникатни нешта, но можеби најинтересно од нив е неверојатна перспектива, која се отвора пред тебе.

Во своето интервју полковникот Крис Хадфијлд, кој беше командант на Меѓународната вселенска станица, го објаснува чувството што го обзема човекот кога ја гледа Земјата од орбитата околу. И најчесто, чувството е тажно, гледајќи ги поразите кои продолжуваме да му ги нанесуваме на нашиот дом.

Во ова емотивно интервју Хадфијлд раскажува како пред неговиот поглед, загадувањето полека се шири од континент на континент, со тоа што во атмосферата се трупа смог и Аралското Море во Азија буквално пресушува, додека космонаутот е во станицата.

„Она што беше крајбрежје, сега е само песок и остатоците од ѓубриво се фрлаат во морето со децении”.

„Кој ќе биде човекот што најпосле донел одлука да смени нешто?”, прашува тој. „Не можеме да чекаме некој друг да го направи тоа, најмалку политичарите што ги избираме”, заклучува космонаутот.

- Реклама -