Љубов што трае 6 милениуми

На крајот на Иговата „Ѕвонарот на Богородичната црква“, Квазимодо славно се искачува на париските гробишта каде што лежи Есмералда, го прегрнува нејзиното тело и така умира од глад.

На најромантичниот ден од годината, грчките археолози соопштија дека нашле слична таква сцена – останки од љубовен пар најдени во прегратка, стари 6000 години.

Анастасиа Папатанасиу и нејзиниот ископувачки тим ја открија гробницата во јужна Грција во 2013-тата, но до сега не се знаеше полот на костурите. Откако минатава недела завршија ДНК тестовите, нема веќе дилеми – се работи за заљубена двојка која најверојатно живеела близу пештерата Алепотрипа. Според анализата на останките, во времето на смртта, љубовниците биле во дваесеттите години од животот.

esmeralda_and_quasimodo_by_shoshness-d5mw4ke

- Реклама -