Што се случува со „Фејсбук“ профилот после смртта?

Едвај некој нормален човек имал време да го разгледа ова прашање, но Facebook не пропуштил да измисли опција при таква ситуација.

Варијантите се две – да биде избришан или да стане сопственост на некој друг.

Веројатно не сте знаеле, но Фејсбук има опција со која за „недај боже“ можете да посочите „наследник”, кој ќе добие права врз сите ваши слики и дури и да објавува од ваше име. Целта на новата опција е да може овој човек да ги информира сите пријатели за тоа што се случило. Наследникот сепак не ги држи сите права на профилот. Тој нема да има можност да објавува како од свој профил, ниту да ги гледа личните пораки на покојникот. Освен тоа наследникот ќе има право да ги отстрани сите слики и публикации од профилот на покојникот, како и други информации.

Најдобарата опција, сепак, е профилот да биде избришан.

- Реклама -