Симпатични гаџети кои ќе ви кажат многу повеќе од кутија чоколатца

Останаа уште неколку денови до Св. Валентин, ако се уште барате подароци за вашите сакани, Sony има неколку добри препораки за вас.

 За сите љубители на спортот

Без разлика дали спортувате заедно или не, добрата музика ќе ви ја подигне енергијата. Без разлика дали сте на стаза, во сала или во базен, вокменот NWZ-WS613 MP3 ќе ви биде најдобар пријател. Со NFC и Bluetooth® конекција со еден допир ќе ви овозможи да се фокусирате единствено на вашиот тренинг. Со меморија од 4GB (отприлика 1000 песни) и до 8 часа батерија ќе може да уживате во триатлон исполнет со музика.

SRS-X3

За сите оние што сакаат музика

Искажете ги вашите чувства преку музика. Вокменот NWZ-A15 не само што е елегантен и софистициран, туку е и компатибилен со аудио во висока резолуција за да ја почувствувате магијата на музиката во сите нејзини нијанси. Има 16 GB внатрешна меморија, вграден дигитален појачувач со S-Master™ HX технологија за најчист квалитет на звукот. Ја вклучува DSEE HX™ технологијата која што помага за обновување на квалитетот на компресираните фајлови. Се сеќавате на времето на касетите со компилации кога ги снимавте омилените песни за вашите сакани? Ова е нешто слично само многу подобро.

За љубителите на добриот звук

Иако ги обожавате моментите што ги поминувате заедно, секој заслужува малку време за себе, момент кога сте само вие и музиката. Слушалките MDR-XB450AP со екстра бас се многу практични и лесно се преклопуваат и се превиткуваат за да може да ги понесете секаде. Контролата вградена во кабелот ви овозможува повици додека слушате музика. Достапни се во црна, бела и сина боја. Слушалките MDR-ZX750BN се стилски  и ви овозможуваат безжична конекција за слушање преку Bluetooth®. Овие слушалки комбинираат естетика, звучна изолација за елиминација на врева и практични опции за поврзување. Благодарение на Bluetooth конекцијата, може да слушате музика на вашиот смартфон, таблет или компјутер без кабли. Безжичните преносни звучници SRS и SRS-X3-X2 поради тоа што се лесни и имаат компактен дизајн се идеални за слушање музика внатре или надвор. Уживајте во интензивниот и моќен звук со технологијата ClearAudio било каде, поврзувајќи се лесно преку Bluetooth® со вашиот телефон или таблет. Само искористете го NFC и лесно може да одговорите на повик.

MDR-XB450AP

За љубителите на фотографијата

Фотографирајте ги вашите заеднички моменти. Без разлика дали се шетате, патувате или сте излезени навечер, Sony фотоапаратот е одлична придружба.

A5000 е фотоапарат без огледало со заменливи објективи,  користи Exmor™ APS HD CMOS сензор, има 20.1 ефективни мегапиксели и BIONZ image X процесор. ЛЦД дисплејот се врти за 180° за да направите селфи или пак одлични снимки дури и кога ќе го оддалечите апаратот. Благодарение на вградената Wi-Fi и NFC конекција лесно може да споделите фотографии преку вашите мобилни уреди. Компактниот фотоапарат DSC-HX60 изобилува со прецизни технологии, 30x оптички зум, Exmor R™ CMOS сензор, 20.4 мегапиксели и BIONZ X процесор за слика за фотографирање на детали во далечина и снимки одблизу со најдобриот квалитет. Овој фотоапарат има стабилизација на слика, како и GPS и Wi-Fi за споделување на фотографии и видеа инстантно од вашиот мобилен телефон.

A5000

За сите оние што сакаат авантури

Не сте од оние типови што сакаат да се излежуваат? Изненадете ги најсаканите со Sony Action Cam Mini. Отпорен на дожд и снег, со Wi-Fi конекцијата и компактната големина со тежина од само 63 грама моделот HDR-AZ1VR Action Cam Mini може да го носите секаде. Камерата има CMOS сензор Exmor™ R, 11.9 ефективни мегапиксели и ZEISS Tessar објективи со широк агол до 170°. Напредната SteadyShot технологија за стабилизација на сликата ќе компензира за најразличните заматувања и ќе направите јасни снимки. Далечинското со преглед во живо ви овозможува да го контролирате уредот од вашиот зглоб.

HDR-AZ1VR

 

- Реклама -