Легендарната германска марка се враќа на пазарот

Германскиот производител на автомобили Borgward подготвува враќање на пазарот, на кој не е присутен повеќе од 50 години. Првите нови модели на ревитализираниот бренд ќе ги видиме на салонот во Женева.

Информацијата е ограничена, но претседателот на Borgward. Кристијан Боргвард, прецизира дека во Женева ќе бидат откриени првични верзии на новите модели на компанијата, како и стратегијата за нивниот развој.

– Преродбата на Borgward е мој детски сон, кој е на пат да се оствари, вели Кристијан Боргвард, внук на основачот на компанијата Карл Боргвард.
– Повеќе од десет години работиме на ова враќање. Новите  модели ќе ја продолжат традицијата на марката, врвен дизајн, технологии и неповторлив стил.

Компанијата Borgward е основана во 1919 година, со што стана еден од најголемите производители на автомобили во Германија. Таа произведува не само автомобили, но и камиони и дури хеликоптери. Нејзини модели се најдоа и на тркачките патеки, но во 1961 година прогласи банкрот. Едни од најпопуларните нејзините модели се Hansa 1500, Isabella и P100.


- Реклама -