Renault лансира пет нови модели оваа година

Французите веќе го промовираа новиот кросовер Kadjar. Но, од компанијата не планираат со ова да ја завршат промоцијата на нови модели оваа година, туку подготвуваат повеќе изненадувања, потенцира, никој друг, туку првиот човек на концернот Renault-Nissan, Карлос Гон.

– До крајот на годината не чекаат вкупно пет новини, од кои две се веќе познати – Kadjar и новата генерација на Espace. Тоа е петтата генерација на моделот, кој дебитираше лани за време на автосалонот во Париз и влегува во продажба исто оваа година. Што се однесува до останатите три модели, засега не би скала да дадам многу информации, само ќе откријам некои поединости, дека се работи за прототип на хечбек од A-класа, изграден врз сосем нова платформа, кој ќе го заземе местото во гамата меѓу Twingo и Clio. Следниот нов очекуван модел е автомобил од D-класа, најверојатно нова генерација на познатиот модел Laguna, која исто ќе биде развиена на нова платформа, позајмена од модел на Nissan, кој располага со неколку автомобили надградени над неа, истака топ менаџерот на компанијата.

Карлос Гон потврди уште дека не очекува и нов пикап, модел кој отсуствува сега во палетата на Renault. Се зборува дека уште во компанијата подготвуваат и кросовер со седум седишта, за кој исто така нема информации, но се претпоставува дека ќе биде врз основа на Nissan Pathfinder.

- Реклама -